Планинарски марш во чест Борис Трајковски по десети пат

ПАОК „Ентузијаст“ – Струмица по десети пат, оваа година, ќе го организира традиционалниот планинарски марш во чест на Претседателот на Р. Македонија Борис Трајковски, кој ќе се одвива во два дела:

Mars-Botra-2014-1

Првиот дел од Струмица до Скопје ќе се изведе во четири етапи со учество на планинари од: Струмица, Радовиш, Гевгелија и Неготино.

– 22. февруари, недела, тргнување во 10 часот, пред споменикот на Борис Трајковски во Градскиот парк во Струмица

– 23. февруари, понеделник, тргнување од Дедино преку Дамјан, покрај рудник Бучим, Љуботен до Штип, каде што ќе се ноќева

– 24. февруари, вторник, тргнување од Штип преку Три Чешми, Свети Николе до Журиште, каде ќе се ноќева

– 25. фервуари, среда, тргнување од Журиште до Скопје – Маџари, каде ќе се ноќева

– 26. февруари, четврток, тргнување од Маџари преку Автокоманда, Железара до гробишта Бутел, пристигнување во 12 часот кога ќе се одржи чествувањето на гробот на Борис Трајковски.

Должината на патеката, со сите етапи, изнесува 202 километри, планинарите ќе бидат придружувани од возило со храна и друга опрема. Планирано е да учествуваат 15 планинари, кои ќе ја поминат целата траса, во првата етапа ќе учествуваат повеќе планинари од Струмица и Радовиш.

Вториот дел од маршот посветен на Претседателот Борис Трајковски, ќе биде реализиран со марш на Беласица, должината на патеката изнесува 35 километри, со искачување на врвот Борис Трајковски-Ботра 1880 м.н.в. каде ќе учествуваат 50 планинари од: Струмица, Гевгелија, Петрич, Сандански и Софија – Р. Бугарија.

– 21. февруари, сабота, тргнување во 11 часот, со Смолари до планинарски дом Шарена Чешма, пристигнување во 14 часот, ќе се ноќева во планинарскиот дом.

– 22. февруари, недела, тргнување во 6 часот, пристигнување на врвот Борис Трајковски-Ботра 1880 м.н.в. каде ќе му се оддаде почит на Претседателот Борис Трајковски, враќање во домот, ручек и враќање во Смолари.

За сите учесници организаторот обезбедува храна и маици со ликот на Бори Трајковски.

.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,