ПАОК „Ентузијаст“ организира дружба на планинари од Македонија, Бугарија и Грција

Планинарско алпинистичкиот ориентационен клуб (ПАОК) ,,Ентузијаст” од Струмица, на 29.XI, сабота, организира традиционална меѓународна планинарска вечер  во хотел Цар Самоил во Банско.

paok entuzijast

Планинарската вечер е дел од годишните активности, според програмата на ПАОК Ентузијаст. Поканети се и ќе бидат присутни планинари од повеќе планинарски друштва од Македонија, Бугарија и Грција, љубители на природата и гости кои ги помагаат планинарските спортови.

Во сабота е организирано посета на водопадите во Смолари, Габрово, Колешино и посета на Мокринските извори. Планинарската вечера почнува од 20:00 часот, во Хотел Цар Самуил, добрата забава е неминовна со: музика во живо, вечера, доделување благодарници, богата лотарија и други изненадувања.

За недела е организирано посета на манастирите во Вељуса и Водоча. Ручек за сите гости на манастирот св. Илија ќе обезбеди организаторот. По желба на гостите може да се пристигне и во петок за да може да се искачуваат на Беласица.

Повеќе за настанот на следниот ЛИНК.

маркетинг


Select
Ознаки: ,