П.А.О.К. Ентузијаст Струмица го организира осумнаесетиот меморијален традиционален меѓународен планинарски марш ,,ВАНЧО АТАНАСОВ” 2017

П.А.О.К. Ентузијаст Струмица го организира осумнаесетиот меморијален традиционален меѓународен планинарски марш ,,ВАНЧО АТАНАСОВ” 2017 г. koj ќе се одржи на ден 02.04.2017 г. (Недела) на планината Беласица. Ве покануваме да земете учество на истиот по следната маршута:
Тргнување од старата автобуска станица – зградата на телеком – пошта во 7,оо часот. Село Костурино 8,00 часот тргнување на учесниците на маршот 9,30 часот. Пристигнување во с. Орманли краток одмор, Белешки ливади, преку Ќучук чешма споменик на петте струмички студенти kaдe има приготвено чај, краток одмор, потоа се продолжувa дo планинарска куќа Дедо Koљo Муртински 1160 м.н.в. пристигнување во 12-13 часот. Ручекот за сите учесници е вo 14,oo часот на планинарската куќа обезбеден од организаторот, прибор секој да си понесе. Враќање-тргнување од планинарската куќа 15:oo часот пристигнување во с. Свидовица во 17:3o часот. Превозот од Струмица до с. Костурино и од с. Свидовица до Струмица е обезбеден од организаторот.
Должината на патеката е 22 километри, одење шест часа (три часа и триесет минути искачување и два часа и триесет минути на враќање)
Спомен мајца секој учесник може да си купи по цена од 150 денари.
Секој учесник на маршот доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за својата психо физичка кондиција.

Лица за контакт: Васко 070 535 688; Коле 070 200 848; Ристо 075 214 606

П.А.О.К. Ентузијаст – Струмица

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,