Општина Струмица и Центар на заедницата потпишаа Меморандум за соработка

Општина Струмица и Здружението за локална демократија „Центар на заедницата на општина Струмица“ потпишаа Меморандум за поддршка и соработка.

Вршителот на должност градоначалник на општина Струмица, Костатин Костадинов и претседателот на Собранието на здружението, Мими Николиќ, истакнаа дека целта на потпишувањето е реализацијата на проектната активност „Организирање граѓански буџетски форум во општина Струмица“.

– Преку овој проект ќе се подигне нивото на транспарентност и развојот на локалната демократија во Општина Струмица и учеството на граѓаните во градењето на локанлите политики и практики, информираат од Општината.

Оттаму додаваат дека, двете страни ги договориле обврските за успешно спроведување на граѓанскиот буџетски форум кој ќе се реализира со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество-Македонија.

Локалните власти, тврдат дека Струмица е меѓу првите општини во Република Македонија која ги вклучува граѓаните во креирањето на локалните политики и проекти.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,