Општината изготвува проект за реконструкција на Домот на културата во Василево

Изработка на проектна документација за основен проект за реконструкција на Дом на културата во Василево  е една од тековните активности кои во моментот ги презема општина Василево а чија крајна цел е целосна реконструкција на објектот. Од неговата изградба во 1950 година,  правени се делумни реконструкции со кои се опфатени дел од просториите но не и целиот објект.

Вкупната површина на објектот изнесува околу 700 м2 . Големината на објектот и бројот на просториите овозможуваат одржувње на повеќе настани и активности и негова искористеност од повеќе субјекти. Во моментот во овој објект сместени се канцелариите на ЈПКД „Турија Василево“, библиотеката  како и канцеларијата  на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Објектот располага и со две сали од кои една  голема чија намена е одржување на културно-уметнички настани и помала, конференциска сала, која ја користи Советот на општина Василево за одржување на своите седници. Дел од просториите во моментот се неискористени.

„Изготвувањето на техничката документација е само прв чекор во целата постапка која ќе следи во иднина. Тоа е фаза после која ќе следи обезбедување на средства за реконструкција, реконструкција и ставање во функција на сите простории односно негово комплетно искористување“ – е ставот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој смета дека  не само овој туку и сите други вакви објекти кои во населените места се изградени пред педесетина и повеќе години, треба да се одржуваат, како би можеле максимално да бидат искористени од граѓаните.

DSC_0658-1024x681

маркетинг


Select
Ознаки: , ,