Омаж на писателот Антон Панов во Струмица

Во НУЦК „Антон Панов“, во Струмица, вечерва со почеток во 20,00 часот ќе биде изведен омаж за писателот Антон Панов, по повод сто и десет години од неговото раѓање. Омажот, чествувањето на Антон Панов ќе содржи презентација на научни трудови и тоа: „Антон Панов – културна икона“ на д-р Валентина Миронска – Христовска и „Прозата на Антон Панов“ на м-р Дарин Ангеловски.

Антон Панов е роден на 13 април 1905 година, во Стар Дојран, каде и се запишува во основно училиште. Но, во 1916 година, Стар Дојран е бомбардиран и целосно е уништена куќата на Ѓорѓи Панов, поради што тој со многучленото семејство се преселува во Струмица, која се смета за „втор роден град“ на Антон Панов. Негово најпознато дело е драмата „Печалбари“, чија премиера е одржана на 3 март 1936 година во Скопје. Пишувал и други драми, како што се: „Преродени“, „Градинар“, „Пиликатник“, потоа раскази и стати во повеќе списанија и весници.

anton_panov

маркетинг


Select
Ознаки: , ,