Ограбен дневниот центар за метадон во Струмица

Утрово, екипа на СВР Струмица, вршат увид, во Дневниот центар „Св. Елисавета“ и засега нема точна информација што е украдено и што било цел на крадците.  Од неофицијални извори, дознаваме дека вработените најверојатно утрово, кога дошле на работа приметиле дека Дневниот центар е провален, а насилниците влегле од страничната страна, при што ги пресекле мрежите на прозорите.  Во центарот, секојдневно добиваат терапија од метадон, шеесетина зависници од дрога. Екипа на СВР Струмица во моментот врши увид на терен.

22022016103115_Дневен центар во Струмица

Извор: НОВА МАКЕДОНИЈА

маркетинг


Select
Ознаки: , ,