Нови цени на горивата: Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемува за половина денар, а на дизелот се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

238306_gorivo-foto-blic-andrej-isakovic_orig

Со оваа одлука новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 42 денара. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 26,3 денари за килограм.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60, односно за 1,63 отсто.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , ,