Николов: На Трајко му е дијагностицирана мускулна дистрофија, болест на неговото тело и на нашата душа

Орце и Фимка Николов се обраќаат за помош за лекување на нивниот син Трајко Николов.

„Пред една година на нашата радост нашиот син Трајче му беше дијагностицирана една многу тешка болест Мускулна дистрофија болест на неговото тело и на нашата душа. Од тој ден не постои миг да не бараме начин да му помогнеме на овој ангел да не му се скршат крилјата.

Засега единствена надеж ни е пресадување на матични клетки во болницата „Live Hospital“ во Истанбул – Турција! И е многу скапа операција па Ве молиме за помош. Животот е едно големо скалило нагоре и надолу – во моментов ни треба вашата помош да собереме парични средства за да се изврши операцијата, нашата единствена надеж“, се вели во апелот на родителите.

Донациите може да ги уплатите на нашата девизна жиро сметка:

DE09694500651151113403
Sparkasse Schwarzwald – Baar
Gerberstrase 45
78050 Villingen – Schawenningen

или да го контактирате лично Орце Николов
Адреса: Bielweg 8 78176 Futzen – Blumberg Germanija

Тел. 015208693559
или на македонска денарска сметка
250-0080007243-32
Sparkasse Banka
Trajko Nikolov

маркетинг


Select
Ознаки: , ,