Најубавите мисли на Џон Ленон за љубовта и животот

7-boi-na-vinozitoto-i-nivnoto-znacenje-01

Ова се неколку негови безвременски мисли:

– Животот е нешто што се случува додека сте зафатени и правите планови за други работи.

– Ако уживате додека го трошите времето, тогаш тоа време не е залудно потрошено.

– Постојат две главни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се оддалечуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме кон сè она што ни носи животот. Важно е прво да научиме да се сакаме себе си. Ако не знаеме да се сакаме себе си, не можат да не сакаат ни другите. Еволуцијата и надежта за подобар свет тргнува од тоа дека не смееме да се плашиме да го живееме животот со полн здив.

– Верувам во сè, сè додека некој не ми го докаже спротивното. Верувам и во самовили, митови и змаеви. Сето ова постои макар само во нашиот ум. Кој е тој кој може да ни каже што се сништа, а што реалност?

– Сметајте ја својата старост според бројот на пријатели, а не години.

– Кога секој човек би го посакувал мирот онолку колку што посакува нов телевизор, во светот би владеел мир.

– Ако некој мисли дека мирот и љубовта се недостижни, тогаш тој е во потполна заблуда. Љубовта и мирот се вечни.

– Кога имав пет години, мајка ми секогаш ми зборуваше дека клучот на животот лежи во срцето. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не сум ја сфатил поентата на задачата, а јас им одговорив дека тие не ја сфатиле поентата на животот.

– Верувам во Бога, но не верувам дека тој е едно суштество, долгобрадиот старец на небото. Верувам дека е она што луѓето го нарекуваат Бог во сите нас. Верувам дека Исус, Мухамед, Буда и сите останати биле потполно во право. Погрешиле само луѓето кои ги превеле и толкувале нивните пораки.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,