Верба во Бога и голема љубов: Кои беа најголемите желби и пораки од Тоше Проески?

Никогаш нема да го преболиме! И осум години по огромната трагедија сите тагуваме по нашиот Тоше. Ја нема помеѓу нас најголемата македонска гордост, но останаа неговите песни, неговите искрени пораки и силни желби.

тоше-инфомакс

Ова се најемотивните изјави на Тоше, неговите желби и пораки до фановите:

-Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.

-Човекот треба да биде инспириран и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.

-Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.

-Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.

-Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.

-Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.

-Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.

-Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.

-Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.

-Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.

-За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.

-Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено – исто како во војната.

-Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.

-Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.

-За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!

-Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва… Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,