На полна месечина уживаме со Френк Синатра и Fly me to the moon

Во ова време на големи ѕвезди Френк Синатра се смета за најголемата од сите. Вистински гигант на филмскиот екран, најплатениот клупски изведувач, еден од пејачите со најмногу снимени албуми на сите времиња, и во класичната и во поп-музиката, седумкратен добитник на наградата на All Star Jazz Poll, која ја доделува Playboy, омилениот машки вокал и на публиката и на колегите-музичари.

Исто така, тој е еден од најголемите бизнисмени-ѕвезди, со царство од 25 милиони долари, најпознатиот пријател на американскиот претседател, непобедлив носител на титулата најконтроверзната фигура на шоу-бизнисот, и конечно, на изненадување на многу негови фанови и критичари, филантроп, амбасадор на добрата волја.

На полна месечина уживајте во Fly me to the moon!

маркетинг


Select
Ознаки: