ФОТО: На денешниот празник моштите на Св. Василиј Велики изложени пред јавноста

Денеска, по повод големиот православен празник Св. Василиј Велики во сите цркви на струмичката епархија се одржа божествена литургија.Традиционално во секој православен храм се делеше лепче со паричка со благослов од Митрополитот Наум, а на оние кај кои се падна паричката добија Библија.

Почнувајќи од вчера во очи на празникот па се до денес до 19 часот во храмот Св. Кирил и Методиј беа изложени дел од моштите на Св. Василиј Велики. Верниците во голем број дојдоа во црквата и се помолија за свое здравје и здравје на најблиските. Моштите кои црквата ги има околу 17 века не се знае од каде точно дошле меѓутоа свештенците успеале да ги зачуваат во текот на сите овие години и во периодот кога овој дел од Македонија бил под српска и бугарска окупација.

DSC_2637 (Copy)

DSC_2641 (Copy)

DSC_2635 (Copy)

DSC_2633 (Copy)

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,