(ФОТОРЕПОРТАЖА) Мокрински извори – вистински дар од природата

По феноменалната ФОТОРЕПОРТАЖА за заборавената убавина на селото Три Води фотографот на Струмица Денес повторно преку неговите фотографии Ви прикажува уште една наша убавина за која надалеко се зборува. Станува збор за Мокринските извори кои се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри поточно во селото Мокрино, во близина на Струмица. До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го викаат Мокрино.

Освен убавината на Мокринските извори и Мокрино преку фотографиите може да забележиме дека фотографот движејќи се по патот кој води до Мокрино ни доловил фотографии од кои никој не би останал рамнодушен на нив. Тие се доказ дека овој дел од струмичко, обвиткан во раскошното зеленило е навистина волшебен и прекрасен, а планината Беласица е бајка која од ден на ден се повеќе и повеќе се разубавува.

Инаку на изворите секоја година на 2- август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Доаѓаат луѓе од цела Македонија. Се дава курбан, во чест на водата. Обичајот на давање курбан е многу стар. Не се знае од кога. Адетот никогаш не бил прекинат освен еднаш. Најверојатно се намало пари. Само неколку денови потоа водата прастанала да извира. Следната година на истиот ден Илинден мештаните пак се собрале и го направиле обичајот. На 4-ти, како божјата рака да ја одврнала славината, вода од изворот повторно потекла. Оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот. Мошне е интересен нивниот спој со дрвјата – столетните стебла на чинарите (јавори) од чии корења извира вода. Од корењата на трите јавори, истекуваат 40 литри вода во секунда.

Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се мисли дури дека тој е поврзан со Дојранското езеро. Но, никој никогаш тоа не ги испитал.

Ова е само дел од убавината која ќе ја најдете ако се упатите кон изворите:

ФОТО: СТОЛЕ АНГЕЛОВ

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,