Младите вечерва ја носат Евровизијата во Струмица за Божик!

За вечерва со два концерти е најавено одржувањето на осмиот Божиќен традиционален хуманитирен концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“, насловен како „Божиќна Евровизија“. Тие овој настан го организираат заедно со Младинскиот совет на Струмица, а хорот, солистите,бендот и ритмичката група од струмичката гимназија ќе исполнат голем број победнички песни од евровизиските фестивали од 1974 до 2014 година.

На влезот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица и годинава ќе биде поставена кутија за дополнителни донации. Собраните средства ќе бидат наменети за финансиска помош за лекување на неколкумина струмичани.

Музичарите и танчерите-учесници на концертот, едногласно се сложија да одржиме втора изведба истата вечер, со цел да успееме да собереме поголем број финансии за донации. Драго ни е што повторно успеавме да разбудиме толкав интерес меѓу струмичани, рече професорката Анита Станковска, која во изминативе осум години заедно со колегите Денис Кирчанов и Полина Ашикова го организираат хуманитарниот концерт.

Концертите започнуваат во 19 и 21 часот во НУЦК „Антон Панов“, а билетите и за двата се распродадени од вчера.

маркетинг


Select
Ознаки: ,