Мицкоски на средби со граѓани во Босилово: Ќе го слушнеме гласот на народот

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повторно беше на терен во Струмица, Босилово и Ново Село каде оствари средби со граѓаните.

– Мојата задача и на мојот тим е преку ваквите посети да го слушнеме гласот на народот, да размениме мислења, кои за мене, но и за ВМРО – ДПМНЕ се корисни, особено во овој период кога отпочнуваме со создавање на програма која ќе понуди квалитетни решенија и ќе биде вистинска алтернатива, наспроти хаосот кој го живее Македонскиот граѓанин, а креиран од оваа неспособна влада. Македонската економија е зафатена од вистинско цунами кое се нарекува Зоран Заев и што порано се порази, тоа ќе биде подобро за сите кои сакаат подобра иднина, затоа што Македонија заслужува подобро, истакна Мицкоски во Босилово.

  

Пред состанок Мицковски оствари средба со младите од Општина Босилово.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,