Мицкоски во Василево: Народот не смеат да го потценат, тој ја има силата да ги промени овие работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денови се наоѓа во посета на југоисточниот дел на државата. По вчерашните средби со граѓани и состаноци со членовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес својата агенда ја продолжи во Радовиш и Василево.

– Штотуку бев во посета на Василево. Испратив неколку пораки за состојбите, базирани на непосредните контакти и она што го вели на средбите народот. Безброј лаги и неостварени ветувања од владата на Зоран Заев. Алармот е вклучен, државата е во слободен пад. На шверцерски начин се обидоа да го протнат законот за јазици, кршејќи ги сите норми и правила. Водат преговори за името, без да информираат било кого, далеку од очите на јавноста. Слушам денес дека испратиле предлог спогодба која треба да биде одговор, на предлог спогодбата која што Грција ја доставила. Ние сме најголемата политичка партија, ниту некој ни кажал што прават, ниту некој не прашал од владата до каде е работата со најважното прашање во оваа држава. Длабоко ја нурнуваат главата во живиот песок во кој сите не втурнуваат. Тераат како замислиле, а тоа е како побрзо да ја распродадат и уништат оваа држава. Но народот не смеат да го потценат, тој ја има силата да ги промени овие работи. Што побрзо, тоа подобро, за иднината на сите. – изјави Мицкоски од Василево

Неговата агенда на средби и состаноци продолжува и во текот на цела недела.

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,