Метеоролозите предупредуваат: И денеска следува кратка, но силна бура

Попладне само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Невремето кое вчера го зафати Скопје и други делови од земјата траше кратко, но остави големи проблеми зад себе. Улиците брзо се поплавија, а силниот ветер дури и откорна дрво во Градскиот парк. Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер понекаде во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени. До вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Од среда повторно во попладневните часови времето ќе биде нестабилно.

kisa-pljusak-nevreme-rtv-jpg_660x330

маркетинг


Select
Ознаки: , ,