Меморијален Марш ВАНЧО АТАНАСОВ – Беласица 1160 мнв

П.А.О.К. Ентузијаст Струмица го организира седумнаесетиот меморијален традиционален меѓународен планинарски марш ,,ВАНЧО АТАНАСОВ” 2016,,koj ќе се одржи на ден 10.04.2016 г. (Недела) на планината Беласица. Ве покануваме да земете учество на истиот по следната маршута.
Тргнување од старата автобуска станица – зградата на телеком – пошта во 7,оо часот. Организиран превоз до Село Костурино.Тргнување на учесниците на маршот 8,00 часот. Пристигнување во с. Орманли краток одмор, Белешки ливади, преку Ќучук чешма споменик на петте струмички студенти kaдe има приготвено чај, краток одмор, потоа се продолжувa дo планинарска куќа Дедо Koљo Муртински 1160 м.н.в. пристигнување во 13-14 часот. Ручекот за сите учесници е вo 14,oo часот на планинарската куќа обезбеден од организаторот, прибор секој да си понесе. Враќање-тргнување од планинарската куќа 15:oo часот пристигнување во с. Свидовица во 17:3o часот. Tргнување од с. Банско во 18:oo часот. Превозот од Струмица до с. Костурино и од с. Банско преку с. Свидовица до Струмица е обезбеден од организаторот. (По желба со обезбеден водич може да се симнат и дел од учесниците и во с. Банско)
Должината на патеката е 22 километри, одење шест часа (три часа и триесет минути искачување и два часа и триесет минути на враќање)
Секој учесник на маршот доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за својата психо физичка кондиција.

12322689_544060585773585_8628827882932641373_o

маркетинг


Select
Ознаки: , ,