Мамин колач или струмичка Бакина торта

Името на овој старински колач во Струмица е Бакина торта и е од тетратката на мајка ми. Но секако не се мисли на баба, туку името доаѓа од бакинг прашок, денес познат како прашок за пециво. Веројатно и рецептот дошол од пакетчето, порано редовно имаше рецепти на бакинг прашокот. Мајка ми го правеше многу често, зборувам за 60 и 70 те години на минатиот век, а и ден денес си го прави, им се погоди за со чајче, кафенце. Јас дури сега го правам, не знам зошто никако да му дојде редот. Ми се погоди, нарасна преубаво, мек како пајажина.
Се матат јајцата со шеќерот, се додаваат состојките освен какаото, а оревите треба да се измешани со брашното за да не паднат на дното. Еден поголем дел од смесата се става во подмачкан плех, а во другиот дел се става какаото, се меша убаво и со лажица се разнесува во кругови низ првиот дел во тавата. Се пече на 200 околу 20 минути. Се сече и по желба се посипува со шеќер во прав, но и без шеќер е преубаво колаче. Верувам дека има многу варијанти на колачето, но не би менувала ништо, брзо и превкусно со шмек на минатото. На здравје!

2016-04-10_22-58-41_s-3fe8df-800x600

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,