Mакедонско дуо во Џенова?

babunski.1jpg

Горан Пандев има договор со Џенова и следната сезона се враќа во Сериа А. Сепак, постои можност овој тим да добие македонски тандем. Mакедонскиот талент, членот на Барселона Давид Бабунски, следната сезона би можел да заигра во Сериа А, објави Италијанскиот портал  „Калчоњус24“ (calcionews24).

babunski

Фиорентина, Сампдорија, Џенова и Сасуоло се клубовите кои пројавиле интерес за Давид Бабунски, нашиот екстра талент и фудбалер на Барселона „Б“.

babunski.jpg2

Бабунски потекнува од школата на Барселона, но и покрај својот талент и напорна работа Бабунски досега нема настап за првиот тим. Од друга страна, тој е предводник на нашата млада репрезентација, има и неколку настапи за нашата најдобра репрезентација.

 

 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,