Македонија вечерва против Црна Гора во вториот натпревар на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Загреб против Црна Гора ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство во Хрватска.

Македонија имаше успешен старт и победа над Словенија во саботата, па со евентуален триумф над Црногорците ќе обезбеди пласман во втората фаза.

Победа за „црвено-жолтите“ ќе значи и пренесување најмалку два бода во следниот сегмент што би значело и зголемување на шансите за висок пласман.

Од друга страна, Црна Гора во 1.коло претрпе убедлив пораз од Германија (19:32) и е под императив да не го заби натпреварот.

Избраниците на Раул Гонзлаес на овој дуел влегуваат како фаворити, но селекторот, исто како и капитенот Кирил Лазаров, повеќе пати апелираа да не се потцени противникот во никој случај и да се заборави победата над Словенија.

Средбата Македонија – Црна Гора во „Арена Загреб“ почнува во 20 часот и 30 минути.

Во првиот натпревар од 2.коло во Ц-групата, од 18 часот играат Словенија и Германија.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,