Култниот струмички објект во ново, луксузно руво

Струмица отсекогаш била дестинација за бројни туристи. Во секој период од годината доаѓаат посетители од Македонија и пошироко за кои важно е не само да ги погледнат културните и природни обележја на градот туку да имаат и комфорен престој. Во понудата на токму таков престој високо на листата се издигнува Хотелот Епсеранто.

11145922_10153391022187176_962138569_n

Хотел Есперанто е лоциран во строгиот центар на градот Струмица, т.е. на самиот плоштад. Во радиус од само 100-тина метра од хотелот се наоѓаат: културниот дом „Антон Панов“, градската библиотека „Благој Ј. Мучето“, стоковната куќа, трговскиот центар „Глобал“, како и старото Струмичко корзо, кое ги поврзува малиот и големиот Градски Парк. Хотелот, комплетно реновиран, почна со работа за време на годинашното издание на карневалите.

11146129_946120735433322_1434953954_n

Во непосредна близина на хотелот Есперанто, се сместени најубавите кафулиња и ноќни клубови, казина, бутици, галерии, банки, книжарници и продавници за сувенири.

sgdsdjdhdf

Хотел Есперанто важи за култно место помеѓу Струмичани. Пред повеќе од 40 години бил единствениот хотел во градот, a располагал со ресторан и сала за свечености каде пееле и се собирале најдобрите музичари од Струмичко и Републиката. Денес, хотел Есперанто е комплетно реновиран и современо опремен со комфорен и луксузен ентериер. Ресторантот со својот панорамски поглед и балкон, претставува вистинско место за уживање, воедно и за следење на некои од поважните настани во градот, како што се: Струмичкиот Карневал и Strumica Open Festival.

11117694_10153391022207176_1884961037_n

Хотел Есперанто располага со вкупно 42 соби (30 двокреветни,  9 трокреветни и 3 апартмани), секоја од нив со сопствена тераса, бања, мини-бар, телевизор и клима уред. Хотелот нуди панорамски лифт, бесплатен паркинг со видео надзор (со околу 40 места), бесплатен Wi-Fi интернет и кабелска телевизија; ресторан со капацитет од околу 150 гости, голема сала за конференции, презентации, семинари и други видови на деловни состаноци (до 50 лица) и мала сала (до 30 лица), секоја од нив со панорамски поглед.

dfsd

Според нашите информации во иднина ќе се проширува понудата, па така наскоро ќе има и сауна, солариум, теретана и џакузи за гостите. Резервациите освен телефонски може да се прават и преку најпознатите  интернет страници Booking, а својата оценка како и разглед на хотелот ви ги нуди прочуената TripAdvisor.

11128106_10153391022732176_142841293_n

11125427_946120728766656_1480354205_n

11149161_946120658766663_1430292981_n

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , , , ,