Крчмаревиќ дебитира во Струмица, Победа очајна за првата пролетна радост

Некогашниот фудбалер на Партизан и селектор на младинската репрезентација на Србија, Слободан Крчмаревиќ ќе дебитира во ПМФЛ на дуелот во Струмица меѓу Победа и Работнички, Наследникот на Црнгорецот Бубања се соочува со незавидна позиција во која се наоѓа прилепскиот прволигаш.

„Младост“ во Струмица е четврти пролетен домашен терен за Победа, која претходно  играше во Турново, Охрид и Битола. Дарко Илиески уште заздравува од повредата, а сите останати фудбалери му се на располагање на новиот тренер.

Традицијата говори дека дебармаалци подобро се снаоѓаат во меѓусебните дуели во последните неколку години. Посебно луд беше првиот натпревар оваа сезона, кога Победа на Штерјовски прокоцка 2-0 и во Прилеп загуби од Работнички на Треневски со 2-4.

Последните шест натпревари:
16.11.2017 – Работнички – Победа 4-0
20.09.2017 – Победа – Работнички 2-4
28.05.2017 – Победа – Работнички 0-3
09.04.2017 – Победа – Работнички 0-0
30.11.2016 – Работнички – Победа 3-1
28.09.2016 – Победа – Работнички 2-1

Дуелот меѓу Победа и Работнички ќе го води Јосип Бартон од Тетово.

маркетинг


Select
Ознаки: