„Комуналец“ во акција за чистење на плоштадот

Уште од раните утрински часови екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со чистење на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој синоќа заврши четвртото издание на културно – забавната манифестација „Струмица опен фест“.

unnamed1

Во текот на денот собран е целокупниот отпад и е извршено делумно метење бидејќи дел од шанковите сè уште не се подигнати. Според најавите на Бранко Ѓоргиев раководител на работната единица „Чистота“, доколку до крајот на денот плоштадот биде испразнет, во текот на утрешниот ден истиот ќе се мие и чисти со специјално средство за гранитни површини, а ќе се изврши и комплетна дезинфекција. Освен плоштадот ќе се мијат и дезинфицираат и околните улици. Во ова генерално чистење, а поради потребата од поголемо количество на вода, ќе се вклучи и Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица.

unnamed2

Инаку, струмичани и гостите од сите краишта на Македонија кои присуствуваа на трите последни музички вечери на „Струмица опен фест“ уште еднаш потврдија висока култура на однесување поради што не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир, ниту пак било какви други несакани појави и однесувања.

unnamed

unnamed4

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,