„Комуналец“ ја отстранува депонијата кај населеното место Водоча

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со есенското расчистување на дивите депонии во градот и населените места. Акцијата стартуваше на 11 септември на локација кај населеното место Водоча од каде досега е собрано над 200 метри кубни отпад, најголем дел органски.

DSC_2174

– Откако ќе завршиме тука, ќе продолжиме на две локации на патот Струмица – Валандово, едната е пред Македонска куќа, а другата спроти неа, каде што на барање на едно здружение за телесно инвалидизирани лица ние ќе им помогнеме околу уредувањето на овој простор за да можат да го користат како рекреативна зона. Сакам да го кажам и ова, гледајќи го отпадот кој секојдневно се создава и се расфрла како во градот така и во населените места, треба да престанеме со создавањето на дивите депонии. Екипите на „Комуналец“ циркулираат 24 часа, постои „Систем 48“ каде што можат да го пријават отпадот и нашите возила ќе дојдат следниот ден и ќе го подигнат. Значи, навистина нема потреба од создавање на диви депонии. Класичен пример за правење дива депонија е улицата „Ѓорѓи Василев“, од последниот пат кога беше генерално исчистена, нашите екипи на секои два до три дена го расчистуваат истиот простор и повторно се создава дива депонија. Затоа апелирам уште еднаш до граѓаните кога имаат собран отпад да се јават во „Комуналец“ и „Систем 48“ и отпадот ќе биде собран од пред нивните дворни места, рече Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“.

DSC_2166

DSC_2167

DSC_2172

DSC_2173

маркетинг


Select
Ознаки: , ,