KK СТРУМИЦА ЕКИПА СО МЛАДИ И ПЕРСПЕКТИВНИ ИГРАЧИ САМО ОД МАКЕДОНИЈА КОИ ВО ИДНИНА ВЕТУВААТ МНОГУ!

Некогашниот шампион КК СТРУМИЦА и покрај тоа што се наоѓа во првата кошаркарска лига на Македонија се соочува со проблеми. Но, тоа не е причина тие да го оставаат срцето на теренот на секој изминат натпревар. Добро знаеме дека во спортот има и големи падови и големи издигнувања. Овој клуб во минатото на Струмица донесе многу радости и беше и уште е гордоста на нашиот град. Во моментот во екипата на КК СТРУМИЦА играат само играчи од Македонија и млади и песпективни деца од Струмица. Тоа е пат кој ќе има долготраен и позитивен ефект во градот во наредните години…Затоа им е потребна нашата поддршка најмногу досега, затоа на следниот натпревар сите на трибините и да им покажеме дека не се сами!

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: ,