Ќе почне обновата на фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица.

– Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите – споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за зашштита на културното наследство. Следната недела, Завод и музеј треба да го распише тендерот, рече Канческа – Милеска.

Овој проект го најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска беше во Струмица.

– Владата и министерството за култура планираат реновирање на поголем број фасади во старото градско јадро. Планот е да се опфатат пет во периодот кој е пред нас. Ќе се заштитат објекти кои имаат значење од естетски, од културен или од историски аспект, рече Груевски.

Во следниот период ќе продолжат и активностите и истражувањата на Цареви кули. Министерката Канческа Милевска рече дека ќе биде издадена и монографија за овој значаен археолошки и историски локалитет.

До крајот на годината треба да заврши изградбата на Стариот театар во Струмица

До крајот на декември треба да биде готова изградбата на Стариот театар во Струмица. Ова го најави претсеателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски откако направи увид во досегашните градежни активности на објектот. Инвестицијата чини 4 милиони евра, а станува збор за нов објект кој се гради врз темелите на претходно опожарениот театар.

– Стариот објект беше опожарен. Првин се мислеше дека можеби нешто ќе може да се реконструира, но експртите утврдија дека не е безбеден за реконструкција. Затоа се сруши и врз него се гради новиот театар. Ќе биде идентичен како и стариот. Ќе ќе има околу 300 седишта. На некои места ќе им застаклен дел каде што ќе може да се видат темелите на стариот теаатар за да се види дека тој театар не е сега изграден, дека Струмица има долга театарска традиција, театарот постоел и опстојувал долги години и дека овие луѓе знаат што е уметност и театар генерации и генерации наназад, ќе се зачува едно културно обележје, рече Груевски.

Тој го посети објектот на Државниот архив во Струмица, кој од неодамна има и нова обновена фасада.

– Објектот е изграден во 30-те години од минатиот век и имаше доста руинирана фасада. Министерството з акултура и владата преземаа мерки се вети во програмата и заврши реконструкцијата. Проектот е два милиони и 400 илјади денари, треба само да се направи дислокација на кабли на ЕВН, истакна Груевски.

12967512_1167576829940016_7000840792891317178_o

маркетинг


Select
Ознаки: , ,