Изложба на ликовното студио од ЦK „Јане Сандански“ од Ново Село

Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица денеска во Домот на АРМ ја организираше изложбата на дела на ликовното студио што работи во склоп на Центарот за култура „Јане Сандански“ од Ново Село.

 На изложбата се поставени 28 дела на млади креативни автори кои велат дека петгодишната работа во ликовното студио им било од голема корист.

– Јас пет години работам во ликовното студио. Научив многу за правилното цртање, за употреба на акрилните техники. Најмногу сакам да цртам мртва природа зашто тоа и најдобро знам да го работам, рече Македонка Стојкова, учесник на изложбата.

Според младата ликовна авторка Александра Атанасова од Ново Село, во последните години се намалува интересот кај помладите да учат цртање.

– Јас би сакала да нацртам се, најмногу можам да цртам портрети и пејзажи зашто мислам дека преку нив најдобро се изразувам и ме опишува мене, рече Атанасова.

Од Центарот за деца и млади кои ја преземаат изложбата велат дека целта им е запознавање на ученици од различни школи, размена на искуства и соработка.

– Ликовното студио од Ново Село постои десетина години и работи во континуитет. Таму децата под менторство на професор Ѕвонко Тилев се запознаваат со основните ликовни техники. Учат да творат на отворено, на затворено, и ги опфаќаат сите аспекти на ликовното творештво. Ние како институција освен самостојни изложби кои ги организираме претежно со основните училишта, преземаме и изложби на други институции за запознавање на децата, нивна идна соработка и размена на искуства, рече Светлана Мазгалоска Вучетиќ, од Центарот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

маркетинг


Select
Ознаки: ,