Инцидентни случаи на вошки по детските градинки во Струмица

Вошки почнале да се појавуваат во некои струмички градинки, но навреме е спречено нивно ширење. Иако живееме во 21 век сепак појавата на вошливост е честа низ градинките во Македонија. Токму децата за првпат со вошки може да се сретнат при посета на предуќилиштна институција. Периодов појава на вошки освен кај дечињата во детските градинки има и кај основците. Денес во редакцијата на Телеканал А1 се јавија загрижени родители кои сметаат дека медиумите се добар канал да се упатат апели до родителите повеќе да внимаваат на хигиената на децата. Нашата екипа ја исконтактира управата на детската градинка „Детска радост“ од каде не’ информираа дека не се работи за голема бројка за да се создава паника кај родителите, но дека и понатаму остануваат апелите до родителите да преземаат превентивни мерки. Но и покрај апелите на вработените во образовните институции, несовесноста на родителите доведува до побрзо ширење на овие мали инсекти меѓу децата. Од детските градинки не’ известуваат дека постојано им кажуваат на родителите редовно да ги проверуваат нивните деца и да ги исчистат од вошките пред да ги пратат во градинка. Но, несовесноста кај дел од родителите ги загрозува и оние деца чии родители редовно ги чистат.

Вошките како мали инсекти без крилца, се пренесуваат лазејќи од глава на глава. Освен непријатното чешање, доколку не се исчистат навреме и се дозволи нивно размножување, тие можат да доведат и до инфицирање на раните од претерано чешање, но и до појава на болести. Погрешно е верувањето дека со лична хигиена ќе се ослободите од вошките, напротив, тие бараат чиста и здрава коса и скалп.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,