Игра во ‘ржта

Оваа книга претставува интелектуална побуна против конвенциите на средината како општествени, економски, интелектуални. Јунак на книгата е Холден Колфилд кој сменил толку многу училишта и во ниту едно не ја нашол вистинската удобност.

3392.story_x_large

Холден Колфилд е 16-годишник кој раскажува за своето заминување од интернатското училиште од кое го бркаат и за неговото пристигнување во Њу Јорк. Неговата средба со градот, со хотелите, со таксистите, разните ноќни дружења се опишани со младешкиот жаргон. Преку овој лик, авторот ја афирмирал детската наивност и неконвенционален однос кон празнотијата на материјалното изобилство. Холден бил прикажан како еден просечен тинејџер. Тој си имал свои проблеми и на светот гледал на свој начин. Малку бил проблематичен, но сепак покажувал знаци на разумност. Мислел дека светот не може да му го пружи она што тој го сакал. Во суштина, Колфилд не бил лош, иако често бегал од соочување со проблемите и се вплеткувал во секојдневни глупости. Не знаел што бара поради тоа што бил изгубен и дезориентиран во надворешното опкружување.

book-cover-on-desk-25e9wq9

Игра во ’ржта“ е првиот роман на американскиот писател Џ. Д. Селинџер. Издаден бил во 1951 год. и доживеал огромна популарност помеѓу тинејџерската публика, бидејќи обработувал теми од бурниот младешки живот како бунт, осаменост, отуѓување, збунетост и револт спрема постојниот тек на работите.Романот е преведен на речиси сите светски јазици, а неговата продажба на глобално ниво изнесува 65 милиони примероци. Главниот лик во делото, антихеројот Холден Колфилд, станал икона и синоним за тинејџерскиот бунт и непослушност.

Книгата редовно се наоѓа во изборот на најдобри книжевни остварувања на 20 век, направен од страна на угледните светски списанија. Добар дел од литературната критика била против експлицитниот уличен жаргон кој се користел во книгата, како и против ставовите и размислувања на Колфилд во врска со сексот. Освен тие теми, во „Игра во ’ржта“ се отворени низа други комплексни прашања како идентитетот, припадноста, меѓусебните врски и самотијата.

Дефинитивно ова е книга што треба да се прочита! 

маркетинг


Select
Ознаки: