ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: СТРУМИЧКАТА КОМПАНИЈА НИКМИТ.МК МУ ПОДАРИ БЛУТОТ ЗВУЧНИК НА ДЕСЕТГОДИШНИОТ АНДРЕЈ!

Струмичката оналјн компанија НИКМИТ.МК ја покажа хуманоста на дело го усреќи и му подари звучник на десетгодишниот Андреј. Случајно на инстаграм забележавме фотогорафии на кои не останавме рамнодушни и моравме да ги објавиме со согласност од компанијата. Инаку, на фотографиите се гледа дека  Андреј сака да порачи блутот звучник и ги замоли вработените во салонот истиот да го купи по завршувањето на акцијата односно по Велигден бидејки тогаш за празникот ќе собирал пари и со парите сака да си купи звучник. По овој искрен одговор од десетгодишното детенце вработените се решија на хуман гест и да му го подарат бараниот продукт. На ова Андреј реагираше дека тој подарок ќе му биде затоа што тој е одличен ученик со сите петки. Ваквите мали хумани работи го прават светот поубаво место за живеење.

 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: ,