Хуманитарно Stand Up Show во организација на Црвен крст-Струмица

s

Младиот  волонтер од Црвен крст Струмица Деан Трендов ученик во ОУ Никола Вапцаров со свои 12 години имплементираше ЦКА-ПХВ проект на тема Stand up comedy . Идејата за овој настан е со насмевка на публиката и со нивното учество во влезницата од 50 денари да се обезбедат средства за нова постелнина на детско одделение при ЈЗУ Општа болница Струмица.

Настанот беше поддржан од тимот средношколци волонтери при Црвен крст Струмица , од дисеминаторот на овие ЦКА- ПХВ проекти Каменчева Заге од лицата кои како спонзори застанаа зад проектот и ЈЗУ Општа болница – детско одделение како целна група на Деан.

Овој настан траеше еден час каде иден млад актер Никола Костадинов успеа да ја воодушеви и насмее цела публика . Никола е млада личност која присуствува и учествува во  хуманитарни активности. Така и овој пат тој беше дел од оваа хуманитарна цел да застане зад овој проект на која публиката броеше околу 200 присутни.

Фотогалерија од Stand Up Шоуто

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,