Христијан Мицковски во посета на месните комитети во Струмица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ја продолжи посетата на Струмица и околните општини. Тој денеска го посети и 5-от Месен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица. Таму со големиот број на граѓани се разговарало за актуелната состојба и за случувањата околу законот за јазици и повеќе други актуелни предизвици.

– Испратив порака дека е навистина некоректно што денес премиерот Заев ги вмеша и децата во политиката. Оваа негова изјава е обид да се внесат емоции и ниски страсти, начин на комуникација кој не го одобрувам, затоа што не е моја одлика. Очигледно занесен во својата моќ или подобро кажано немоќ, Заев сака да го забрани и правото на протест.

– Да ги остави децата надвор од политиката и да не ги користи како жив ѕид меѓу неговиот личен срам, концесија и погрешни одлуки и народот од другата страна. Информациите дека се спрема полициски притисок врз оние кои протестираат и се незадоволни е само уште еден показател за недостатокот на демократски капацитет на власта и аларм дека оваа влада мора да си оди што побрзо, истакнал претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица.

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,