(ВИДЕО) ГРОМ одржа трибинa со граѓаните од Струмица

На 16.12 се одржа трибина, односно средба на граѓаните од општина Струмица и политичката партија ГРОМ на која се дискутираше за актуелните прашања од внатрешната и надворешната политика.

12394542_10153794568364581_1424044455_o

12375563_10153794568349581_412685387_o

Претседателот на ГРОМ од Струмица, Сашо Милковски во својот говор истакна некои клучни прашања и проблеми со кои се соочува македонската јавност:

„Почитуван претседателе на Граѓанската опција за Македонија,
Почитувани членови на Извршниот и Централниот одбор, почитувани членови на ОО ГРОМ Струмица

Ви благодарам што дојдовте на вечерашнава трибина посветена на актуелните политички збиднувања во државата. Трибината е една од контуинираните наши активности, кои како партија ги преземаме во изминатиот бурен политички период. Како што сме сведоци сите, Македонија минува низ малку подолготрајна политичка криза, кога од ден на ден се создаваат или никнуваат нови и нови проблеми, кои се повеќе ескалираат.

Од почеток беа „бомбите„ на СДСМ, потоа преговарањето и договорот од Пржино, па Специјалниот обвинител, следеше едно по едно исполнување на точките од тој договор и од забелешките на Прибе. Во меѓувреме ни се случи бегалската криза која го зафати целиот регион, што само дополнително ја оптовари севкупната ситуација во земјата и на моменти се заканува да ја дестабилизира државата. Се разбира, во сите овие кризни моменти „главниот збор“ го имаа четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, меѓутоа, Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, во ниту еден момент не остана нем набљудувач и пасивен играч на политичката сцена.

Напротив, можеби ќе звучи нескромно, но ние од ГРОМ, колку и да сме млада партија, најмалку во три четири пати предничевме во своите издржани политички реакциии , предвидувања и нудење решенија за секое жешко прашање. Никогаш не задоцнивме, туку предвремено навестувавме. Токму во духот на нашето име – громовски и молскавично брзо. Така беше со начинот на избор на специјалниот обвинител, кој се одвиваше надвор од уставните и законските рамки, потоа со несмасното реагирање околу бегалците кога новоназначениот министер за надворешни работи од опозицијата се плеткаше со тривијални работи, одземање-давање овластувања, наместо со суштинските безбедносно прашања и контрола на границата.

Во овој период, по влезот на опозицијата во извршната власт, ние како мал, но сериозен чинител во власта, постојано сме будни и предупредуваме на несмотреностите и гафовите кои ги прави опозициската СДСМ, кои може да минат незабележано а да предизвикаат сериозни проблеми во нормалното функционирање на власта. Така и се случи гафот на нашиот сограѓанин и градоначалник Зоран Заев, кој повеќе е во Скопје отколку на своето работно место во Струмица, па се закани и ги навреди медиумите, со што директно ја загрози слободата на изразување и информирање, нарекувајќи ги медиумите-најголеми непријатели. ГРОМ и на оваа небулоза реагираше енергично.

Деновиве гледаме освен сослушувањата пред Анкетната комисија во Собранието на РМ, политичката сцена се заматува и со шпекулации за извесно одложување на изборите во април.

Што ни се случило наназад – знаеме, што ќе ни се случи претпоставуваме и будно следиме, но за тоа кои се нашите ставови како мала но силна политичка партија, кои се потпираат на политичката платформа на ГРОМ, и кои натаму треба да ги афирмираме, вечерва е добар повод да дебатираме. Ќе имаме многу посилни предизвици до 24 април, ќе има изненадувања и дискутабилни моменти, но визијата на ГРОМ е јасна.
Благодарение на нашето раководство, лидерот Јакимовски, Извршниот и Централниот одбор ние како партија сме подготвени да одговориме на сите предизвици.

Како што веќе е познато, формиран е и Централниот изборен штаб со кој раководи организациониот секретар и заменик министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, ГРОМ полека но сигурно повторно се мобилизира за поинтензивни активности, за работа со граѓаните и претстојниот настап на предвремените парламентарни избори. Се надевам дека општинската организација на ГРОМ во Струмица досега се покажа како доста активна, дека нема позабележителен настан од живеењето на нашиот град и граѓани кој не го одбележавме и за кој не изнесовме наш критички или конструктивен став. Се надевам дека тоа се гледа надалеку и надвор од нашето членство и дека тоа ќе придонесе за подобро етаблирање на ГРОМ и негово прифаќање кај што поголем број граѓани, како трета , но најконструктивна партија во државата.

А сега би му дал збор на нашиот највисок гостин и учесник на трибината претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски: Повелете претседателе.“

ГРОМ беше првата партија која побара од Владата на РМ да се постави жичана ограда на границата со Грција – изјави Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ. Според него, на никаков начин не треба да се дозволи дестабилизирање на Република Македонија.

12394509_10153794568414581_180820664_o

12381021_10153794567819581_1114847973_o

12394364_10153794568354581_1530080109_o

12394366_10153794568274581_1865190283_o

12394372_10153794567804581_990879554_o

12394638_10153794568294581_655811437_o

12381071_10153794567869581_1758284176_o

12375597_10153794568409581_504930489_o

Повеќе од изјавата:

маркетинг


Select
Ознаки: , ,