Градоначалник на општина Василево во посета на општина Кајтардере од Р.Турција

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во текот на претходната недела беше во тридневна посета на Р.Турција, каде оствари средби со свои колеги од неколку општини, меѓу  кои и со градоначалникот на општина Кајтардере со која е можна идна соработка и збратимување со општина Василево.

„Тоа беше едно ново и огромно искуство за мене како нов градоначалник и почеток на ново пријателство со општини од оваа држава. Целта на оваа посета беше размена на искуства со тамошните градоначалници, односно запознавање со начинот на функционирање на нивните општини, запознавање со нивната култура, како и презентирање на нашите особености заради нивно запознавање со се она што ја одликува општина Василево“, изјави градоначалникот Јанев по враќањето од Турција.

Остварени биле повеќе средби со градоначалниците на  општините Јалова, Чинарџик,  Ташќупри и општина Кајтардере со цел овозможување на меѓусебна соработка  со општина со слични карактеристики како општина Василево. Градоначалникот Јанев  најави продолжување на соработката со општина Кајтардере, за која како што рече е општина со слични карактеристики и со која  би можеле меѓусебно да соработуваме па дури и да искористуваме одредени средства од Европската Унија, преку заеднички проекти од кои бенефит ќе имаат општина Кајтардере и општина Василево.

Посетата на Р.Турција градоначалникот Јанев ја реализираше заедно со своите колеги, градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов и градоначалникот на општина Конче,  Благој Илиев.

маркетинг


Select
Ознаки: ,