Градинки од Струмица и Ќустендил дел од ИПА еко проект

Во Струмица почна дводневната обука за воспитно-обрзовниот персонал од градинката „Детска радост“ и нивните колеги од градинката „1 Јуни“ во Ќустендил, Бугарија, како дел од проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“ финансиран преку ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка.

Во наредните два дена, воспитувачките и учителките ќе дискутираат за работната верзија на Еколошкиот водич, во насока на реализација на втората компонента на проектот „Јакнење на капацитетите на воспитно-образовниот персонал“.

Целта на обуката е кадарот од двете страни преку партиципативен начин да учествува во создавањето практики за добро еколошко образование на деца од предучилишна возраст, преку презентација на работната верзија на Еколошкиот водич, кој содржи европски и светски практики.

– На тој начин, ќе даваат нивни мислења и насоки во имплементација на мерките, но и професионален развој за теми од животната средина, подобрување на инфраструктурните услови преку обновливи извори на енергија итн, посочи Ѓорги Ристовски од одделението за меѓународен развој и европски фондови при Општина Струмица.

Во рамки на проектот ќе бидат изведени инфраструктурни зафати на три објекти на струмичката градинка како една група активности, истовремено, како друга компонента е јакнењето на еколошкото образование за децата од градинките.

Во Ќустендил, веќе се изведени поголеми материјални зафати на зградите на градинката.

– Ние почнавме и со градежни активности и можам да кажам дека ефектот е одличен. Поставивме соларни батерии за кујнскиот блок и имаме економско работење и намалување на трошоците. Потоа изградивме три еколошки кабинети. Мислам дека овој проект е многу важен за двете општини, за колегите, но и за најмладите. Искористувањето на обновливите извори на енергија ќе ја подобри работата на институциите, а децата преку еколошкото образование ќе станат свесни граѓани за потребата од чиста животна средина, рече Даниела Виткова, директор на детската градинка „1 Јуни“ од Ќустендил.

Од Европската унија преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2014-2020, за овој проект обезбедени се 400 илјади евра, по 200 илајди евра

маркетинг


Select
Ознаки: , ,