Градинката „Прва радост“ одбележа една година работење

Со приредба подготвена од дечињата, денес градинката „Прва радост“ од Василево одбележа една година од своето постоење. Дечињата за своите родители имаа подготвено приредба, при што на најубав начин преку песнички и рецитации покажаа како го минуваат времето во својата градинка и што се „Денес градинкаат празнува. Денес дечињата прославуваа, се забавуваа и искрено се радуваа. Денес нашата градинка го слави првиот роденден. Среќни и весели гостите ги дочекавме и со задоволство градоначалникот го пречекавме. Иако нашата градинка работи само една годиназадоволни сме од постигнатиот успех, а сметаме дека и родителите се задоволни од нашето работење“ изјави директорката на градинката, г-ѓата Даниела Трајковска, по повод одбележувањто на првата годишнина од работењето на градинката „Прва радост“ во Василево.
Првата годишнина на градинката и ја честита и градоначалникот на опшината г-дин Ванчо Стојанов кој по тој повод изјави: „ Иако денес е први април-денот на шегата, ова е реалност и денес нашата градинка на задоволство на сите одбележува една година. Првичните тешкотии се веќе надминати и градинката функционира нормално. Зголемениот интерес не тера нас како локална самоуправа веќе да размислуваме за зголемување на нејзиниот капацитет или за отварање клон во некое друго населено место“
Во текот на годината, како што изјави директорката Tрајковска, бројот на дечињата варира но во нагорна линија, така што во моментот згрижени се околу 60 дечиња.
Инаку освен одбележувањето на годишнинината, во претпалдневните часови, дечињата облечени во костимите на нивните омилени јунаци со дефиле го одбележаа и денешниот ден, 1-ви Април – денот на шегата.

DSC_0151-1024x681

DSC_0181-1024x681

DSC_0170-792x300

маркетинг


Select
Ознаки: , ,