ГОЛЕМИ СМЕ КОЛКУ АЛЕКСАНДАР! ЕВРОПСКИОТ ПРВАК НА КОЛЕНА ПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Во третиот меч на Европското првенство (ЕП) во Хрватска, Македонија ремизираше против Германија (25-25) и како прва ќе патува во главната фаза во Вараждин.

Првиот гол го пост–игна нашиот противник, кој ја искористи играта без голман на Раул, кој подготви изненадување на стартот, но истото го казни Штефан Вајнхолд. Следуваше брз одговор на нашите репрезентативци, кои преку Пешевски и Кузмановски за првпат поведоа на денешниот меч. Одбраната 5-1 беше проблематична за Германците, а истата ни донесе далеку посигурна игра во почетните минути од онаа во првите две кола.

Атмосферата во салата максимално беше подигната кога Лазаров и Георгиевски со двоен цепелин ја надмудрија германската одбрана и предизвикаа делириум меѓу навивачите. Кузмановски беше првото име во нашиот тим во првите десет минути, кој со вториот гол на натпреварот донесе највисои 2-5 за Македонија.

Имавме човек повеќе и неколку промашени напади во празниот период од пет минути без погодок, кој конечно го прекина Стојанче Стоилов со својот првенец на денешниот дуел. Не му одеше на капитенот Кирил Лазаров, кој ги промаши сите три удари, а тоа знаеше како да го искористи германската репрезентација. Два брзи гола на Винцек и Генсхајмер донесоа 6-5 и прв тајм-аут на нашиот селектор.

Серијата на „панцирите“ од 6-1 им донесе прва осетлива предност денеска, кои по 20 минути игра стигнаа до 10-7. Македонија продолжи да се гуши во напад, а грешната измена ни донесе ново исклучување, по прегледот на видео снимката. Тотално потфрли капитенот Лазаров, кој имаше очајна реализација од 2/8, меѓу кои и еден промашен пенал.

Таа смиреност за која се зборува, откако пристигна Раул Гонзалез тренерското место, се покажа во завршницата од првиот дел. Со ефективна игра во напад и добра одбрана, се вративме на -1 (12-11), а последните два гола во првите 30 минути беа дело на Талески и Лазаров.

Продолжението започна со две одбрани на Ристовски и еден гол од контра напад и еден од пеанл на Манасков, за да го вратиме водството од 13-14. Игравме гол за гол во првата третина од вториот дел, а добри вести беа што се разиграа Талески и Стоилов, кои ја донесоа потребната стабилност во нашиот напад.

По исклучувањето на Хендрик Пекелер, Македонија стигна повторно на +3 (16-19) и го натера Кристијан Прокоп повторно да повика минута пауза во своите редови. Поради повреда во продолжението го загубивме Ацо Јоновски, а место во одбраната доби Велко Марковски, кој доби повик од Раул за денешниот натпревар.

Завршницата донесе голема неизвесност, а германските ракометари се вратија во игра и поведоа со 21-20 преку Вајнхолд. Но, Манасков израмни од пенал и донесе егал по кој знае кој пад денеска. Шанса за победа имаше Стоилов, но неговиот удар заврши во голманот за конечни 25-25.

маркетинг


Select
Ознаки: ,