ФОТОРЕПОРТАЖА: Заборавената убавина на селото Три Води

На шест километри од градот Струмица се наоѓа едно од најубавите села во Република Македонија, селото Три Води. Оваа божествено место е вистински рај за оние кои што сакаат да се одморат од градскиот метеж. Уште додека се движите кон селото, по тесниот, неасфалтиран пат може да го почувствувате опојниот мирис на триводскиот орев, на црешата и лешките. Три Води е село кое изобилува со убавини кои што можат да ги почувствуваат само оние што ќе допатуваат овде.

132

Куќите изградени од камен ве оставаат без здив, и додека наутро ве буди чистиот воздух и мирисот на зелената трева, со нетрпение се дочекува секој нов ден. Природата е прекрасна, воздухот е чист, а секој ден е исполнет со мир, тишина и спокој. Во ова село секој посетител е добредојден, но за жал поради лошиот пат и незаинтересираноста на надлежните оваа село да стане туристичко место, бројот на посетители е сè помал.

136

По кусата прошетка со прекрасни пејзажи, лека-полека нашата екипа стигна на „сред село“ на главната чешма како што ја нарекуваат триводчани, се напивме од бистрата ладна вода и во тој момент се појави чичко Ванчо кој за почеток се исплаши мислејќи дека се некои крадци, бидејќи предходно од неговиот двор биле украдени повеќе работи, се пожали дека и низ оваа мирно село поминувале мигранти од кои е многу исплашен. Иако брзаше бидејќи работата го чекаше ни опиша во кратки црти дека во селото останале да живеат само три фамилии односно 12 луѓе, останатите се преселиле во градот но доаѓале на викенд во нивните направени вили.

164

По основните работи поаѓале во градот еднаш во неделата, бидејќи во селото ни пак во близина нема ниту ниедна продавница или пак нешто слично. На нашата ненадејна посета најмногу се издрадува песот на чичко Ванчо, кој од среќа едвај се одели од нас. На изглед страшен, но во срцето жеден за милување и за игра.

13392957_1314363781924829_239795576_n

Во Три Води како што напоменавме се наоѓа еден од најубавиот орев во државава, се одгледуваат цреши, вишни, лешки, смокви но и една од најретките билки во Европа таканаречена „GOLDEN BERRIES“ која е одгледувана од еден мештанин на Три Води, по кој ќе се вратиме одново на истото место за повеќе информации, затоа што одгледува повеќе корисни и лековити растенија во неговата градина.

146

Три Води честопати е мета на дивите копачи трагајќи по „мистериозното злато“ закопано некаде под некој од орев според легендите од страна на Турците, но засега никој ништо не пронашол. Во османлиско време, селото Три Води претставувало чифлик на Зеин Усеин-бег од Радовиш а подоцна на Исим-ќаја. Во текот на 1904 година по одлука на окружниот комитет на ВМОРО биле запалени зградите во чифликот со селото. За извршување на овие дејства биле задолжени учителите Петар Хаџи Јорданов и Костадин Самарџиев. Иако во акцијата учествувала и селска милиција, палењето на чифликот било прикажано за дело само на четите. Поради тоа кајмакамот само привремено затворил некои селани, од кои меѓутоа, не успеал да извлече ништо поконкретно за оваа акција.

192

Времето се „намурти“ па затоа за жал моравме назад. Но ветуваме дека повторно тимот на Струмица Денес ќе се врати во оваа прекрасно место, ќе се врати по останатите заборавени убавини кои чекаат некој да ги прикаже на јавноста. Три Води го заслужува местото да биде едно од најатрактивните села во земјата, кога-тогаш веруваме дека тоа ќе се исполни. Во продолжение погледнете ги останатите фотографии!

130

137

140

141

142

143

147

148

149

150

153

157

158

161

163

166

167

168

169

170

171

175

179

181

182

183

184

187

189

191

193

194

ПИШУВА: JАНКО КИРОВ 

ФОТОГРАФИЈА: СТОЛЕ АНГЕЛОВ

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , ,