ФОТОРЕПОРТАЖА: Требичино – Убавина што треба да се доживее

EC6A5577

Селото  се наоѓа во југоисточниот дел од Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечено 16 километри. Трибичино се наога во североисточните падини на планината Еленица, на надморска височина од 520 метри. Поради својата надморска височина селото има планинска клима. До шеесеттите години од 20 селото имало 45 куќи. Со уништувањето на сточарството, бранот на миграцијата не го заобиколил и Трибичино.

EC6A5587

За настанокот на селото има повеке легенди и преданија. Една легенда кажува дека името на селото е изведено од бројот три и од именката биче. За да опстои на сопствената местоположба, на почетокот населбата била заорана со три бикчиња. Во секавање на овој настан, кој долго време се паметел, новонастанатата населба била наречена Трибичино.

untitled-220

Според друга легенда, на просторот на денешно Трибичино, во дамнешно време се населиле тројца брака. Тие во шумовитото место во почетокот се занимавале со сточарство и со дрварство, а подоцна и со бичење на дрва. По цел ден со пили стругале и произведувале дрвени изработки, кои потоа ги продавале по градовите и побогатите околни села. Тие тука си изградиле кука, и со тек на времето на овој простор се населиле и некои нивни роднини и пријатели. Така била основана населбата, која во чест на првите жители на селото, односно на тројцата брака кои се занимавале со бичење на дрва, била наречена Трибичино.

untitled-215

Некогаш Трибично било познато како село со најмногу стока во Струмичко. Во селото имало над 15.000 кози и 200 говеда. Селото според пописот од 2002 година има 9 домакинства и 19 жители. Целото население на пописот се изјаснило како Македонци со православна вероисповед.

untitled-1

untitled-10

untitled-17

untitled-18

untitled-30

untitled-34

untitled-39

untitled-62

untitled-156

untitled-170

untitled-187

untitled-196

untitled-199

untitled-198

untitled-200

untitled-202

ФОТО: СТОЛЕ АНГЕЛОВ

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,