(ФОТО) ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: Улицата „Мара Минанова“ станува депонија!

Граѓаните од улицата „Мара Минанова“ преку нашиот портал апелираат до надлежните депонијата што на нивната улица од ден на ден се повеќе се зголемува во најбрзо време да биде исчистена. Инаку како што велат тие, минатата година надлежните им ветиле дека улицата „Мара Минанова“ ќе биде завршена и направена тоа сепак не се случило и улицата станала депонија. Во изјава за нашиот портал еден од граѓаните вели: „Жителите од оваа маало имаат и собирано потписи за поднесување на барање за да проектот биде довршен, надлежните ни ветија дека Пролетта 2016 година ќе биде завршен проектот, но ете гледаме дека пристигна и пролетта 2017 а депонија се повеќе зголемува“ Граѓаните на оваа улица се надеваат дека проектот за нивната улица ќе биде завршен по оваа нивна нова реакција.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,