Финишира изградбата на мостот на Сушевскиот порој

most-susevski-porojthbr5y54y45y45

Во завршна фаза влегува изградбата на мостот на Сушевски порој. Градежните активности кои почнаа во мај годинава, денеска вклучија и полнење со бетон, со што се очекува нејзино скоро завршување.

-Она што заедно со месното население го утврдивме како недостаток и потреба сега го реализараме. Општина Василево успеа да обезбеди средства за реализација на оваа активност која во наредните неколку денови комплетно ќе биде завршена, нагласи градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов, кој денес направи увид во работата.

Мостот кој ги поврзува двете страни на поројот и обезбедува нормалнакомуникација меѓу жителите кои живеат од едната и другата страна е со димензиик од 8 х 6 метри, а заради безбедноста на корисниците, најави градоначалникот, ќе биде ограден со метална ограда.

Вкупниот буџет изнесува 1.370.000 денари од кои 80 проценти се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, по пат на Јавен повик за прибирање на предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за 2016 година, а 20 проценти односно околу 200.000 денари се средства од буџетот на општина Василево.

– Мостот на Сушевскиот порој е една од градежните активности која се одвива паралелно со изградбата на поројот и улицата покрај поројот, кои беа уништени во невремето од февруари 2013 година. Вкупната инвестициска вредност на овие три проекти е околу 600.000 евра. Со комплетната реализација на сите овие проекти, Сушево, не само инфраструктурно туку и естетски ќе го промени својот лик, што ќе резултира со квалитет во секојдневното живеење на неговите граѓани, нагласи Стојанов.

Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,