Препорачуваме филм: Sound of Noise

Кога Ајнштајн вселената и глупоста ги изделил како бесконечни нешта, заборавил на музиката. Заборавил на сите можности што ги нудат нотите, звуците, тоновите, заборавил на бесконечните комбинации кои произлегуваат од музичките инструменти. А инструмент може да биде и човекот, касите во банките, жиците што висат на бандерите. Овој филм е токму за тоа, за рушење на сите бариери преку музиката.

soundofnoise

Sound of Noise или „Звукот на вревата“ ги крши границите на тоа што е легално, а што „девијантно“ однесување и внесува еден нов тип на уметност, еден сосема креативен пристап, пристап во кој уметноста не се затвора во четири ѕида и не се редат суперлативи наменети кон оној кој ја создал, туку се прима, се живее и се ужива со сите сетила.

sound_of_noise

Класифициран е како Swedish-French comedy-crime, но е многу повеќе од комедија и многу повеќе од крими. Тој отворено ќе ви ја прикаже залудноста на сите ласкања упатени кон големите уметници, кога „големото дело“ на уметникот ќе оживее и ќе го смени погледот кон музиката.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,