ЕКСКЛУЗИВНО:БАРЕЗИ И МИЛАН ДОАЃААТ ВО СТРУМИЦА ПО АТАНАСОВ!

 

Наместо Интер, со кој Атанасов има предоговор, можно е нашиот младински репрезентативец да замине во Милан, а легендата Франко Барези утре пристигнува во Скопје за во живо да го гледа мечот Македонија – Англија до 19. години.

Македонскиот репрезентативец до 19. години Јани Атанасов е мета на големиот Милан. Сегашниот играч на Академија Пандев, и еден од нашите најнадежни млади фудбалери на утрешниот меч ќе биде ви живо скаутиран од страна на легендата на миланезите, Франко Барези кој пристигнува во Скопје за во живо да го следи натпреварот на репрезентациите до 19. години помеѓу Македонија и Англија во рамките на елитниот квалификациски турнир за ЕП. Ние веќе немаме шанси за пласман понатаму, со оглед на двата порази кои ги доживеавме во првите две кола, но сепак, меч против Англија е нешто посебно. Како што Македонски Спорт ексклузивно дознава, Франко Барези како претставник на Милан подолго време ја следи формата на Атанасов, и е заинтересиран да го доведе во редовите на италијанскиот гигант. Со ова, Милан би направил сериозен потег, „крадејќи“ го Јани Атанасов од лутиот градски ривал Интер со кој што всушност Атанасов има и предоговор, и неколку пати веќе беше дел од нивниот табор. Атанасов и Барези веќе имале средба неодамна и легендата на Милан секако имал можност да дознае што повеќе за квалитетите на Атанасов и како играч но и како личност.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,