Детската претстава „Кучето со боја на небо“ во струмичкиот театар

Во недела во 12 часот, во струмичкиот театар ,,Антон Панов” ќе се одигра претставата „Кучето со боја на небо“, во режија на Дарко Ковачовски. Во претставата играат: Ангелина Тренчева Ангелова, Игор Тодоров, Стојан Велков Трн, Анкица Бенинова, Коста Ангов.

Во просторот на имагинацијата се влегува без ограничувања. Поточно речено, отфрлањето на какви-било ограничувања е основен предуслов тој свет на вообразбата да заживее овде и сега, пред нас, пред детските очи. Само така во пиеската „Кучето со боја на небо“ ќе заживеат заедно и луѓето и животните и мртвите предмети, истовремено поништувајќи ги законите на логиката, а и на гравитацијата. Куклата и актерот. Појавата и гласот.
Импулси произведени од актерите преку кои куклите ќе се придвижат и ќе проговорат кажувајќи ги своите највозвишени тиради, но и своите најприземни пакости.
Претставата „Кучето со боја на небо,“ работена со чиста душа, не само од потребата да се испроба и покаже актерскиот мајсторлак, туку и да се даде љубов – ете таа претстава се враќа на извориштето на авантуристичкиот жанр, а тоа е претставувањето на прикаска од поморскиот живот. Тука се јунаците, гротескни во својата убавина, тука е бродот, тука е морето, тука е се што е потребно авантурата да почне.

маркетинг


Select
Ознаки: ,