Денеска започна запишувањето во средните училишта за новата учебна година

Во трите средни општински училишта денеска започна запишувањето на учениците во прва година во учебната 2017/2018 година. Завршените осмооделенци кои одлучија своето образование да го продолжат во едно од трите средни училишта пријавувањето го започнаа од 8 часот, а освен денеска, истото може да се врши и во текот на утрешниот ден од 8 до 15 часот. Резултатите од првото пријавување и запишување ќе бидат објавени на 30 јуни. Осмоодделенците кои нема да успеат да се запишат во првиот, тоа ќе можат да го направат во вториот рок, на 5 јули или пак во августовскиот уписен рок.
Во трите средни училишта, според планот, предложен е опфат на 1.316 ученици во 39 паралелки со понудено гимназиско образование, но и стручно образование за 18 струки и 28 профили.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,