Денеска се слави светецот на жените – ова задолжително мора да го направите

Screenshot from 2016-07-29 11:50:13

Денеска е Св. маченици Кирик и Јулита.

Света Јулита беше од царски род. Беше мажена и во бракот имаше син Кирик. Кога Кирик беше на тригодишна возраст остана без татко, а Јулита без маж. Во тоа време тие живееа во градот Иконија, во областа Ликаонија. Наскоро, кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во областа Киликија. А во Тарс се случи нивното мачеништво. Света Јулита беше изведена пред суд како христијанка и ставена на маки пред очите на тригодишниот Кирик. А ова момченце воспитано во христијански дух и самото повика дека е христијанин. Управникот на градот, озлобен од ова смело исповедање на тригодишниот Кирик, го турна момченцето надолу по скалите и го уби. Веднаш потоа беше погубена и мајка му. Така се овенчаа со маченички венец свети Кирик и Јулита во 304 година.

Денеска е празник на мајката и детето, па жените на денешен ден не смеат да ги караат и да им викаат на своите деца за да не бидат болни преку целата година.

Денеска се празнува и Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија

Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. И ги испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога тој Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на Старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранела од рацете на Атиноген, а кога го видела во неволја, притекнала кај него и пролевала солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабожците. После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.

Петанесет илјади Свети маченици

Убиени со меч за верата во Христа во Персија.

Светиот маченик Атиноген

Составувач на вечерната песна „Светлино тивка“. За Христа убиен во оган, се удостои со вечната слава во Царството Божјо.

Споменот на шесте Вселенски Собори

Овој заеднички спомен на првите шест Собори се врши во недела, меѓу 13 и 19 јули.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,