ДЕЧИЊА ОД СТРУМИЦА ВО НЕДЕЛА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД БОЖИЌНИОТ РУЧЕК!

В недела, на Божиќ, по 12 пат, Детската амбасада за сите деца во светот го организира традиционалниот Божиќен ручек за децата од цела Македонија, соопштено e на денешната прес-конференција во Прилеп.

Според Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на оваа невладина организација в недела, на божиќниот ручек ќе бидат околу 500 деца.

– Околу 500 деца од Прилеп, Скопје, Ресен, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ќе седнат на иста маса на божиќниот ручек. Ќе се дружат и заедно ќе го прослават Христовото раѓање-Божиќ децата без родители, децата на загинати припадници на безбедносните сили, децата со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Поканети се деца од другите верски заедници: од исламската, католичката, еврејската и евангелско- методистичката заедница. Божиќниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, децата ќе добијат новогодишни пакетчиња, рече Северкоска Стојаноски.

маркетинг


Select
Ознаки: ,