Деца од Струмица на традиционалниот Божиќен ручек во Прилеп

Во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ по 10 пат на големиот празник Христовото раѓање, Божиќ се одржа традиционалниот Божикен ручек за деца од цела Македонија, во организација на Детската амбасада за сите деца во светот.
1
Околу 500 деца без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители, деца на членови на невладината организација, беа на заедничка празнична трпеза, празнуваа и се дружеа. На заедничката трпеза со децата од Скопје, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, од Струмица, беа поканети и деца од другите верски заедници во земјава. Божиќниот ручек го благослови владиката Петар, а прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на децата им подели подароци. Со своите песнички ги забавуваа децата-учесници на меѓународниот фестивал „Ѕвездички“.
По седми пат, Детската амбасада за сите деца во светот го додели и Орденот носител на мирот.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,